Заврши стечајот на НИП "Нова Македонија"

Bez autora
Sep 27 2012

По речиси една деценија, заврши стечајот на НИП "Нова Македонија". На барање на стечајната управничка Ангелина Гогушевска, Основниот суд Скопје 2 го прекина стечајот со образложение дека НИП-от во стечај веќе нема имот за впаричување. Неколку судски постапки кои се во тек продолжуваат и доколку се решат во корист на НИП "Нова Македонија" и се исплати бараната сума, доверителите можат да чекаат уште едно обесштетување, кое според проценката на стечајната управничка не би требало да биде поголемо од еден отсто од побарувањата, но за неа и тоа е тешко веројатно. Стечајната постапка за некогашниот издавачки гигант НИП "Нова Македонија" во чии рамки работеа дневните весници "Вечер" и "Нова Македонија" е отворена на 16 јуни 2003 година поради големи долгови. Стечајот беше во рамките на тогашниот ФЕСАЛ 2 аранжман со Светска банка, преку кој околу 1.500-те вработени кои беа отпуштени од работа добија отпремнини во вкупна вредност од 1,4 милиони евра.

Заврши стечајот на НИП "Нова Македонија"По речиси една деценија, заврши стечајот на НИП "Нова Македонија".

На барање на стечајната управничка Ангелина Гогушевска, Основниот суд Скопје 2 го прекина стечајот со образложение дека НИП-от во стечај веќе нема имот за впаричување. Неколку судски постапки кои се во тек продолжуваат и доколку се решат во корист на НИП "Нова Македонија" и се исплати бараната сума, доверителите можат да чекаат уште едно обесштетување, кое според проценката на стечајната управничка не би требало да биде поголемо од еден отсто од побарувањата, но за неа и тоа е тешко веројатно.

Стечајната постапка за некогашниот издавачки гигант НИП "Нова Македонија" во чии рамки работеа дневните весници "Вечер" и "Нова Македонија" е отворена на 16 јуни 2003 година поради големи долгови. Стечајот беше во рамките на тогашниот ФЕСАЛ 2 аранжман со Светска банка, преку кој околу 1.500-те вработени кои беа отпуштени од работа добија отпремнини во вкупна вредност од 1,4 милиони евра. За раздолжување со доверителите на државата и е продаден објектот на НИП-от во центарот на Скопје за скоро седум милиони евра и на приватен инвеститор зградата на печатницата за над 2,5 милиони евра. Од средствата обезбедени со впаричување на имотот исплатени се побарувањата на доверителите во висина од над 40 отсто. Меѓу нив беа и вработените, на кои освен заостанатите плати и други надоместоци им беа платени и заостанатите придонеси за пензиско осигурување, за што се потрошени вкупно 1,2 милиона евра. Заедно со исплатата на заостанатите плати на 1.500-те работници им беа исплатени околу шест милиона евра.

Поранешните вработени сметаат дека НИП-от се уште им должи уште пет плати, кои пред десет години Владата на Љубчо Георгиевски и ги префрли на фирмата, но не дојдоа до вработените. Стечајната управничка вели дека тие пари се влезени во стечајната маса и распределени во 6-те милиони евра со кои биле обесштетени работниците.

По завршувањето на стечајот останува судската постапка која стечајната управничка Гогушевска ја покрена против фирмата "Зоник", сегашен "Нова принт", која по отворањето на стечајот ги купи весниците "Нова Македонија" и "Пулс". Од сопственикот на оваа фирма се бара да ги плати долговите за печатење на весникот и за кирија на просториите кои ги користеше во зградата на НИП "Нова Македонија". Незавршен е и случајот со магацините на НИП-от во селото Јурумлери. Бидејќи објектот бил од времен карактер и за него немало имотен лист, стечајната управничка покренала судска постапка за добивање на сопственоста. Постапката е завршена, но не во корист на НИП-от и сега предметот е на ревизија. Она што го коментираат за десетгодишниот стечај стечајната управничка Гогушевска и судијката Сашка Трајковска, е дека овој стечај се издвојува од другите по големиот процент со кој се обесштетени доверителите, вклучувајќи ги и поранешните вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik